Билтен

Да добивате најновите вести од програмата, ве молиме внесете ја вашата e-mail.

Размена на проектни идеи и партнери

Трети Повик за проектни предлози

03.12.12 | 3-ти повик

Министерство за регионален развој и урбанизам на Република Бугарија(Управувачки Орган)

во соработка со

Министерство за Локална самоуправа на Република Македонија(Национален орган)

објавуваат повик за проектни предлози за промоција на прекуграничната соработка помеѓу Бугарија и Македонија со финансиска помош од ИПА Програмата за прекугранична соработка.Вкупната сума на средства кои што се на располагање за овој Повик за предлог проекти е 3 083 616 Евра за двете земји партнери. Проектните предлози мора да се однесуваат на една од следните две приоритетни области:

  1. Економски развој и социјално зближување

  2. Подобрување на квалитетот на живеење.

Општата цел ќе биде подобрување на способноста на локалните и регионалните власти да развијат и реализираат заеднички проект во рамките на граничниот регион во следните бугарски територијални единици според НУТС 3 нивото: Благоевград и Ќустендил и Македонските НУТС 3 статистички региони: Североисточен, Источен и Југоисточен. Насоките за аплицирање и целиот апликационен пакет е достапен на следните веб страници: www.ipa-cbc-007.eu , www.mrrb.government.bg, www.eufunds.bg и www.mls.gov.mk. Крајниот рок за поднесување на предлог проектите е 04.03.2013, до 16:00 часот, на адресата која што е напишана во Насоките за аплицирање. Информативни денови за овој Повик за предлог проекти ќе бидат одржани во Бугарија и Македонија. Датумите и локацијата  за одржување на овие денови ќе бидат објавени  на следните веб страни http://www.ipa-cbc-007.eu/, http://www.mrrb.government.bg/, http://www.mls.gov.mk/.

Контакт за дополнителни информации: ЗТС Ќустендил: +389 78 55 11 83 mailto:jtsipabgmk3call@gmail.com

pdf.gifApplicant_s_Guide_3_call_final.pdf(884.28 KB);

rar.gifAnnexes_3CALL_MK.rar(166.42 KB)

rar.gifAF_IPACBC007_3rd_Call.rar (2.93 MB)