Билтен

Да добивате најновите вести од програмата, ве молиме внесете ја вашата e-mail.

Размена на проектни идеи и партнери

Оценувачи

Бидејќи Задничкиот Технички Секретаријат ќе биде одговорен само за административната проверка и проверката на дозволивост на предлог проектот, за потребите на техничка (квалитативна) евалуација на проектите ќе бидат ангажирани надворешни оценувачи. По аплицирањето на заеднички усогласена процедура на селекција, Заедичкиот комитет за следење ќе ја одобри листата на оценувачи. Треба да се има во предвид надворешните оценувачи да имаат длабоко познавање и големо искуство во прашањата кои што ги покрива програмата. Во зависност од Повиците за предлог проекти, еднаков број на оценувачи од двете земји ќе склучат договори со Управувачкиот орган за да ја извршат техничката евалуација. Оценувачите ќе потпишат декларација за доверливост и непристрасност.

Процес на оценување:
Сите проекти ќе бидат оценувани според критериумите за евалуација претходно одобрени од Заедничкиот комитет за следење. Оценувањето ќе се одвува во три чекори:

  • Прв чекор, сесија на отварање која што ја води ЗТС. Основни информации за секој примен проект и нивните корисници ќе бидат снимени во електронскиот  систем за регистрација.
  • Втор чекор, административна согласност и проверка на дозволивост водена од страна на ЗТС.
  • Трет чекор, техничко / квалитативно оценување водено од страна на независни оценувачи од двете земји именувани од Управувачкиот орган.

Оценувачкиот процес ќе биде организиран и поддржан од ЗТС. Резултатите од сите оценувачки чекори ќе бидат сумирани во вид на извештај и презентирани на Зедничкиот комитет за следење, за одлука.