Билтен

Да добивате најновите вести од програмата, ве молиме внесете ја вашата e-mail.

Размена на проектни идеи и партнери

Орган за потврдување (ОП)

Правна основа за воспоставување и работа на Управувачкиот Орган:
РЕГУЛАТИВА НА КОМИСИЈАТА (ЕК) Број 718/2007 од 12 Јуни 2007 спроведувајќи ја РЕГУЛАТИВАТА НА СОВЕТОТ (ЕК) број 1085 / 2006 воспоставувајќи го Инструментот за пред пристапна помош (ИПА)
Член 102 - назначување на органи
Член 103 - функција на Органот за потврдување

Органот за потврдување на програмата е Дирекција Национален Фонд при Министерството за Финансии на Република Бугарија. Органот за потврдување ги прима плаќањата направени од Комисијата и ги трансферира средствата до Управувачкиот орган во Министерството за Регионален развој и јавни работи и е одговорен за:

  • Ги изготвува и поднесува до Комисијата потврдените извештаи за трошоците и барањата за плаќање;
  • Потврдува дека: извештаите за трошоци се точни, се резултат на реален сметководствен систем и се базирани на заверени придружни документи; трошоците се прогласени за согласни со апликативните правила на Заедницата и националните правила и се точни во однос на избраната операција за финансирање во согласност со апликативните критериуми на програмата и во согласност со правилата на Заедницата и националните правила;
  • Гарантира дека за целите на потврдувањето примил соодветни информации од Управувачкиот Орган за процедурите и заверките извршени во релација со трошоците вклучени во потврдата за трошоци;
  • За потребите на процесот на потврдување прави пресметка на резултатите на сите ревизии извршени од или под одговорност на Ревизорскиот Орган;
  • Ги чува сметководствените записи во комјутеризирана (електронска) форма за декларираните трошоци до Комисијата;
  • Управниот Орган и Органот за потврдување ќе имаат пристап до тие информации. На писмено барање до комисисјата, органот за потврдување ќе ја снабди Комисијата со бараната информација, во период од 10 дена од приемот на барањето или некој друг договорен период се со цел извршување на документарна и на случајна проверка;
  • Ги чува сметките на наплатените суми и на повлечените суми согласно поништувањето на сите или на дел од учеството во една операција. Наплатените суми ќе бидат повторно платени на генералниот буџет на Европската унија пред затварањето на прекуграничната програма со одземање на нив од следната потврда за трошоци;
  • Праќа до комисијата, до 28 Февруари секоја година, изјава во која ги идентификува за секоја приоритетна оскна на прекуграничната програма: повлечените суми од потврдите за трошоци примени во претходната година придружени со поништувањата на сите или на дел од јавното учество во една операција; наплатените суми кои се одземени од овие потврди за трошоци; потврди за суми кои што треба да бидат наплатени до 31 Декември од претходната година класифицирани по година во која наредбите за наплата произлегуваат.