Билтен

Да добивате најновите вести од програмата, ве молиме внесете ја вашата e-mail.

Размена на проектни идеи и партнери

Национален орган

Министерството за локална самоуправа на поранешна југословенска Република Македонија (понатаму Национален орган на поранешна југословенска Република Македонија) соработува во заедничкото програмирање, менаџирање и имплементација на програмата.

Посебно, Националниот орган ќе биде одговорен за следните задачи:

  • Учествува во заедничкото програмирање и создавање на задачи согласно целите на програмата и модицикациите на програмата;
  • Назначува преставници на поранешна југословенска Република Македонија во Заедничкиот комитет за следење;
  • Учествува во подготовката на описот на работа и избира експерти во Заедичкиот Технички секретаријат (главна и подрачна канцеларија на ЗТС);
  • Организира процедури за избор на финансиски конторлери и оценувачи од поранешна југословенска Република Македонија;
  • Предлага членови во групата на ревизори;
  • Потпишува билатерални меморандуми за разбирање во името на поранешна југословенска Република Македонија;
  • Овозможува пристап до информации на Управувачкиот орган, Органот за потврдување и органот за ревизија заради извршување на нивните задачи.