Билтен

Да добивате најновите вести од програмата, ве молиме внесете ја вашата e-mail.

Размена на проектни идеи и партнери

Заеднички Технички Секретаријат (вклучувајќи го и подрачниот ЗТС)

Правна основа за воспоставување и работа на Управувачкиот Орган:

РЕГУЛАТИВА НА КОМИСИЈАТА (ЕК) Број 718/2007 од 12 Јуни 2007 воспоставувајќи го Инструментот за пред пристапна помош (ИПА)
Член 102 - назначување на органи

Управувачкиот орган го поставува Заедничкиот Технички Секретаријат. Тој е лоциран во Ќустендил, Република Бугарија. ЗТС има подрачна канцеларија во поранешна југословенска Република Македонија која е лоцирана во Струмица. ЗТС (вклучувајќи ја и подрачната канцеларија како дел од ист орган) имаат еднаков број на експерти од секоја од земјите учеснички во програмата кои што склучуваат договор со УО.

ЗТС му помага на Управувачкиот Орган и на Заедничкиот Комитет за следење на програмата и му помага , каде што е соодветно и на Органот за потврдување и Органот за ревизија во извршување на нивните обврски. ЗТС исто така зема учество во подготовката и извршувањето на одлуките на Заедничкиот Комитет за Следење и извршува редовни обврски на секретаријат. ЗТС е посебно одговорен за следните задачи:

  • Учество во планирањето и организацијата на информативните кампањи на програмата и други активности поврзани со зголемување на јавното познавање на програмата;
  • Го подржува создавањето и разработката на проектите;
  • Ги прави достапни сите стандардни форми на проектни апликации, оценки, договори, извршувања, контрола и извештаи во соработка со УО;
  • Ги подготвува и објавува Повиците за предлози;
  • Ги советува корисниците за извршување на операциите и финансиската администрација;
  • Ги прима и регистрира поднесените апликации;
  • Прави формална проверка на проектните апликации во насока на административна согласност и дозволивост;
  • Го презентира работниот план преку Управувачкиот Орган до Заедничкиот Комитет за следење, еднаш годишно за одобрување;
  • Ги организира сите средби, настани, прави записници, подготвува и обезбедува административно управување на задачите и услугите;
  • Ја организира работата на оценувачите и ги поднесува резултатите од состанокот за техничка оценка на проектите до ЗТС;
  • Врши контрола на изршувањето на проектите, собира информации од водечките корисници и ја дополнува базата на Управувачкиот Информациски Систем;
  • Ја администрира работата на контролерите и обезбедува „повторна проверка" на потврдените активности согласно принципот „во четири очи";
  • Ги собира и проверува извештаите од проектите од водечките партнери пред нивносто поднесување до УО;
  • Му помага на УО во подготовката на извештаите од извршувањето на програмата;
  • Ги прима барањата од водечките корисници за секоја модификација како и за подготовката на додатоците на проектите и ги поднесува до УО и ЗКС за одобрување;
  • Соработува со извршните органи на програмата во Бугарија и поранешна југословенска Република Македонија, и со други програми за територијална соработка;
  • Соработува со централните, регионалните и локалните актери вклучени во програмата;

Годишниот работен план на Заедничкиот Технички Секретаријат мора да биде одобрена од Заедничкиот комитет за следење. Заедничкиот Технички Секретаријат ќе биде финансиран од буџетот за Техничка подршка.

Персоналот на Заедничкиот Технички Секретаријат ќе биде вработен на база на договор со Управувачкиот Орган.

Заедничкиот Технички Секретаријат ќе има меѓународен персонал од земјите партнери. Бројот и квалификациите на персоналот ќе одговара на задачите дефинирани погоре.