Билтен

Да добивате најновите вести од програмата, ве молиме внесете ја вашата e-mail.

Размена на проектни идеи и партнери

Дозволени партнери

Дозволивост на кандидатите (Водечки партнер и партнери)

Сите партнери - учесници треба да одговараат на следните критериуми:

  • Треба да бидат органи/организации со идеална цел,
  • да бидат правни лица
  • да бидат регистрирани во дозволениот прекуграничен регион помеѓу Бугарија и поранешна југословенска Република Македонија
  • да бидат непрофитни и
  • и да припаѓаат на една од следните категории, :
    • да бидат локални/регионални/национални органи/организации или структура(и) на локални/регионални/национални органи/организации. Во случај, кога дадена структура(и) на локални/регионални/национални органи/организации не е правно лице, и не може да делува како легален субјект таа е легално формирана централна организација, ако таква постои и ќе биде партнер во проектот
    • да бидат национални јавни органи (одгоорни на централно, регионално и општинско ниво)
    • да бидат администрации на национални паркови
    • да бидат локални/регионални шумски дирекции
    • да бидат здравствени институции
    • да бидат културни институции
    • да бидат центри на зедницата
    • да бидат регионални агенции за запослување
    • да бидат Невладини (НВО) или непрофитни (НПО) организации, како што се организации за подршка на бизнисот, локални иницијативни агенции, развојни агнеции, Трговски комори, Агенции за развој на Информатичката и Комуникациската технологија, Институции за едукација, тренинг и истражување и развој, асоцијации на работодавачи и производители, занаетчиски комори: други јавни агенции и асоцијации.
    • да бидат образовни институции како што се универзитети, уќилишта, колеџи и библиотеки.
    • да бидат евро региони
    • или било какви асоцијации од овие две или повеќе од споменатите погоре.

      И

  • да бидат директно одговорни за подготовката и управувањето со акцијата со своите партнери, не делувајќи како посредници и
  • да не бидат под потенцијален конфликт на интерес со Заедничките структури на програмата (Управувачкиот орган, Националниот орган, Органот за потврдување, Органот за ревизија, Заедничкиот комитет за следење и Заедничкиот Технички Секретаријат). Доколку ваква ситуација се појави во текот на  исполнувањето на договорот корисникот мора веднаш да го информира Управувачкиот орган

ВАЖНО!
Водечкиот партнер треба да е регистриран во дозволениот прекуграничен регион помеѓу Бугарија и поранешна југословенска Република Македонија, најмалку 12 месеци пред крајниот рок за поднесување на проектни предлози од оваа покана за собирање на предлози.

Во случај кога локални /регионални /национални органи или тела кои што се наоѓаат во дозволениот трегион не се и неможат да бидат правни субјекти, нивните правно регистрирани централни организации можат да конкурираат како Водечки партнер.