Календар

jануари 2021
пн вт ср чт пт сб нд
  1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Билтен

Да добивате најновите вести од програмата, ве молиме внесете ја вашата e-mail.

Размена на проектни идеи и партнери

Одржан состанок за Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија

22.01.10 | Новости

Picture_005.1.jpgНа 19 јануари 2010 година во просторите на Министерството за регионален развој и јавни работи во Софија се одржа Заедничка техничка средба за Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија.
На средбата беа разгледани Меморандумот за разбирање помеѓу двете држави и претстојната процедура за разработка и одобрување на системите на управување и контрола на Пограмата.
На средбата свое учество земаа претставници на Управувачкиот орган - Главната Дирекција „Управување на територијалната соработка" при МРРБ на Република Бугарија, Националниот орган - Министерството за локална самоуправа на Република Македонија и Секретаријатот за Европски прашања на Република Македонија, како и г-ѓа Натали Вершелд претставник на Главната дирекција „Регионална политика" на Европската комисија.