Календар

септември 2017
пн вт ср чт пт сб нд
  1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30  

Билтен

Да добивате најновите вести од програмата, ве молиме внесете ја вашата e-mail.

Размена на проектни идеи и партнери

Прв Повик за проектни предлози на Програмата Интерег-ИПА за прекугранична соработка Бугарија-Македонија

16.11.15 | Begin

23.09.2015

Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија

(Управувачки орган на Програмата)

во соработка со

Министерството за локална самоуправа на Република Македонија

(Национален орган на Програмата)


Го објавуваат на 23.09.2015 год. првиот Повик за проектни предлози на Програмата Интеррег-ИПА за прекугранична соработка Бугарија-Македонија, чија цел е подобрување на прекуграничната соработка помеѓу двете држави. Програмата е ко-финансирана од Инструментот за претпристапна помош II на Европската унија.

Општата цел на Програмата е зајакнување на прекуграничната соработка помеѓу луѓето и институциите во регионот со цел заедничко справување со заедничките предизвици и користење на неискористениот потенцијал за развој на прекуграничниот регион преку ефикасно користење на ресурсите.

Вкупниот износ на Првата покана за проектни предлози е 7.240.469,00 евра.

Поканата овозможува на партнерите од двете страни (општини, невладини организации, организации за поддршка на бизнисот, образовни, научни и културни институции и др.) да аплицираат со заеднички проекти.

Проектните предлози мора да ја исполнуваат едната од следните приоритетни оски и специфични цели на Програмата:

Приоритетна оска 1. ЖИВОТНА СРЕДИНА

o Специфична цел 1.1. Заштита на животната средина и одржливо искористување на заедничките природни ресурси во регионот на ПГС;

o Специфична цел 1.2. Спречување на ризикот и ублажување на последиците од природните и предизвиканите од човекот опасности и непогоди во географскиот регион на ПГС.

Приоритетна оска 2. ТУРИЗАМ

o Специфична цел 2.1. Зголемување на туристичкиот потенцијал во регионот преку подобра заштита и одржливо користење на природното и културното наследство;

o Специфична цел 2.2. Подобрување на конкурентноста на туристичката понуда на регионот за ПГС;

o Специфична цел 2.3. Поттикнување на соработката помеѓу партиципиентите од регионот во сферата на одржливиот туризам.

Приоритетна оска 3. КОНКУРЕНТНОСТ 

o Специфична цел 3.1. Подобрување на конкурентоста на регионалните бизниси.

Крајната цел на Програмата е да се подигне капацитетот на локалните и регионалните власти во развојот и спроведувањето на заеднички проекти во дозволениот прекуграничен регион, определен во Програмата, како што следува:

За Бугарија (административно ниво NUTS III) - областите Ќустендил и Благоевград;

За Македонија (административно ниво, еквивалент на NUTS III) - Североисточен плански регион, Источен плански регион и Југоисточен плански регион.

Целосниот пакет документи за апликација, вклучувајќи го и Упатството за аплицирање е објавен на следните интернет страници:

Крајниот рок за доставување на проектни предлози е 16:00 часот по локално време (ЕЕТ) на 25-ти jaнуари 2016 година на адреса:

Заеднички Секретаријат,

ул. "Марин Дринов" бр. 7,

2500 Ќустендил,

Бугарија

Важно!!! Насоките за кандидирање се изменето од 16.11.2015год. Објавата за исмените заедно со корегираните документи се прикачени подоле.

Информативната кампања за кандидатите ќе биде организирана и спроведена на територијата на Република Бугарија и Република Македонија во наредните месеци. На Интернет страницата на Програмата (www.ipa-cbc-007.eu) ќе бидат објавени датумите и местата на одржување на информативните настани.

За дополнителни информации можете да контактирате со Заедничкиот секретаријат на Програмата, на следните телефони:

• Главна канцеларија во Ќустендил: тел. +359 78 55 11 85, +359 78 55 11 83;

• Филијала во Струмица: тел. +389 34 330 331. 

Пакет документи за аплицирање:

  Corrigendum 1st Call

1. Упатство за аплицирање - корегирано;

2. Формулар за аплицирање - корегиран: unknown.gif1_AF_2014_2020_v4_MK_final_7116.xlsm (1.01 MB)       

**** Користете ја програмата Microsoft Excel 2010 или понова верзија ****

3. Анекси - корегирани;

4. Анекс Ц - Договор за субвенција;

5. Стратешки документи.